Време: Денеска пролетно - од следната недела дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 19 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

До недела ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со појава на слаба утринска магла.

Промена на времето се очекува во почетокот на наредната недела кога ќе има зголемување на облачноста со појава на локален дожд.

31.10.2013 - 09:17