Реката Бабуна е загадена?

Велешките рибари тврдат дека реката Бабуна е загадена. Како што пренесува Канал 5, водата на реката е темно сина и од неа се ширела смрдеа на свињи.

- „Јас сум постојано тука, цело лето, вака кога Бабуна секна ги переа свињарниците еднаш до два пати неделно а сега постојано“, вели Драги Петровски, рибар, за Канал 5.

Тие побараа од надлежниот државен инспектор по екологија да покрене санкции против загадувачите.

- „Од перењето на свињарниците е. Го знаат и граѓаните и раководството наше, на градот. И  доаѓале тука да го опоменат, не еднаш но за него е се исто и продолжува да загадува“, рече Гиновски Тодор, рибар, пренесе Канал 5.

Инаку, летово и реката Тополка, кај Велес,  имаше голем помор на риби. 

30.10.2013 - 16:00