Горанчо Котески во посета на Вооружените сили на Литванија

Началникот на Генералштабот на АРМ , Горанчо Котески, кој е во посета на Вооружените сили на Република Литванија, денеска се сретна со началникот на литванскиот ГШ, генерал-потполковник Арвидас Поциус.

На средбата како што соопштува ГШ на АРМ, се разговарало за  билатералната воена соработка и нејзиното проширување помеѓу двете армии, искуствата од трансформацијата и учеството во меѓународните мировни операции и можностите за користење на капацитетите за обука.

Началникот на ГШ на АРМ денеска остварил средба и со министерот за одбрана на Република Литванија, Јоузас Олекас.

Предвидено е Котески да ги посети и полкот за обука на копнените сили и механизираната пешадиска бригада „Железен волк“.

 

30.10.2013 - 12:54
Фото: 
Канал5

најчитано сега