ОН ја осуди Америка за ембаргото против Куба

Американското ембарго против Куба кое трае 22 години по ред беше осудено од страна на мнозинството во Генералното собрание на ОН, откако 188 земји гласаа за осуда за ваквото дело кое некои од членките го нарека речиси идентично со геноцид. 2 земји гласаа против додека 3 беа воздржани. Израел бил единствената земја што гласала за поддршка на САД. Палау, островската нација што застана зад САД минатата година, била воздржана во 22-рото годишно гласање во ОН, заедно со Микронезија и Маршалските Острови Ембаргото на САД е воведено уште во 1960 година откако Куба го национализираше имотот во сопственост на американските државјани и корпорации. Санкциите беа зајакнати во 1962 година, а сепак САД минатата година го олесни издавањето на визи за кубанските државјани. Кубанската влада исто така го олесни патувањето за сопствените граѓани.

30.10.2013 - 11:12