ВИДЕО: Фатен тексашкиот убиец кој го застрела пет лица

Полициските единици во Тексас успеаа да го фатат и приведат лицето кое се сомничи дека ги застрелал своите роднини на различни локациии. Триесет и шестгодишниот Чарлс Еверет Браунлоу Џуниор се товари за убиство на пет лица, меѓу кои и неговата мајка и тетка. Тој бил приведен во округот Терел, а се криел во шумско подрачје во периодот околу 1:40 чаост по локално време. Засега официјалните лица изјавија дека не им е познат мотивот на ваквото убиство. Тој зад себе оставил 5 мртви тела во три различни куќи и една продавница. 

"Се' уште ги собираме сите докази за да дојдеме до една целина", изјавил портпаролот на полицијата во Терел, А.Д. Сансом.

Терел е инаку град со околу 16.000 луѓе, и се наоѓа на 30 километри источно од Далас. Сите граѓани се згрозени од ова убиство.

30.10.2013 - 09:22

најчитано сега