Од зимата нема абер: Метеоролозите прогнозираат сончеви и топли денови

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува слаб јужен и југоистпочен ветер, а во западните предели ќе дува и источен ветер. Утринските температури од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°С до 27°С, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла по котлините и долините на реките, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и со благ пад на максималните температури. Утринските температури 4°С до 11°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 17°С до 25°С.

Појава на утринска магла во утринските часови ќе има и во петок. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури од 16°С до 24°С. 

29.10.2013 - 23:40

најчитано сега