Путин: На зимските Олимписки игри ќе можат да се пријавуваат и спортиси хомосексуалци

 Претседателот на Русија Владимир Путин вети дека на зимските Олимписки игри во Сочи, кој ќе се одржат идната година во фебруари, нема да има дискирминација кон спортистите хомосексуалци.

Изјавата на Путин доаѓа по неговата средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах кој го посети Сочи и ги разгледа објектите и терените за претстојната зимска Олимпијада.

- Русија ќе направи се што е во нејзина можност за да учесниците и гостите на Игрите да се чувствуваат сосема безбедно во Сочи, без разлика на нивната етничка, расна или сексуална определеност, изјави Путин.

 

29.10.2013 - 11:49