Старт на обуките на ЕБОР за консултанти во Скопје

Започнуваат обуките за консултанти на ЕБОР. Во Скопје од денеска до 7 ноември ќе бидат одржани четири пилот обуки наменети за консултанти што ги организира Тимот за поддршка на мали бизниси на Европската банка за обнова и развој Македонија, во партнерство со ЕБОР Small Business Support Косово и Албанија, а ги изведува фирмата „The Change Leader“ од Америка.

Бесплатно учество на обуките Македонија има обезбедени за вкупно 40 локални консултанти, по 10 за секоја обука.

Обуките се во рамки на иницијативата на ЕБОР за развој на тренинг материјали и обуки наменети за консултантскиот сектор кои ќе бидат користени во наредните пет години во земјите каде оперира ЕБОР и тимовите за поддршка на мали бизниси. 

29.10.2013 - 10:47
Фото: 
Утрински

најчитано сега