„Лонли Планет“: Македонија во топ 10 најдобри земји кои треба да се посетат

Светскиот печатен водич „Лонли Планет“ во своето издание „Бест тревел 2014“ препорачува да се посети Македонија.  „Лонли Планет“ во своето специјално издание ја опишува земјава како „најдобра меѓу најдобрите земји“ кои идната година треба да се посетат.

-Ревитализација- вака може да се опише земјата, чиј главен град Скопје туку што привршува масивен урбан проект за обновување, а во земјата има и други вакви места, како Берово, кои се на пат да станат големи спа-центри, стои во изданието на „Лонли Планет“.

Се препорачува освен Македонија да се посетат и Малезија, Бразил, Белгија, Шкотска, Сејшели, Шведска, Мексико и Малави.

 

29.10.2013 - 09:46

најчитано сега