Хаос во Шведска: Ураганот Свети Јуда остави 90 илјади семејства без струја

Ураганот Свети Јуда направи вистински хаос во Шведска и остави без електрична енергија 90 илјади семејства.

Според податоците на Шведскиот метеоролошки институт брзината на ветровите, кои со себе ги носеше ураганот, достигнаа 42 метри во секунда.

Поморските врски со Полска и Германија се прекинати. Откажано е и железничкиот сообраќај во јужниот дел на земјата. Затворени се и аеродромите во Малме и Гетеборг. 

29.10.2013 - 09:24

најчитано сега