Се е на продажба - Отчукувањето на срцето на Армстронг на аукција (ВИДЕО)

Графичкиот приказ на електричната активност на срцето на Нил Амстронг, во моментот кога зачекори на Месечината, ќе биде ставен на продажба овој месец, соопшти аукциската куќа „РР окшн“ од Њу Хемпшир. Покрај тоа на аукцијата ќе се најдат уште 85 предмети поврзани со мисијата Аполо 11, вклучувајќи ја и рачката со која се маневрираше спуштањето на модулот. Цртежот со отчукувањето на срцето на Амстронг е проценет на 3000 долари, но аукционерите веруваат дека би можело да достигне и поголема цена со оглед на својата историска вредност. Џералд Шрабер кои ги набљудуваше виталните знаци на астронаутот во текот на мисијата, наведува дека најинтересно во врска со отчукувањето на срцето на Амстронг е слетувањето на Месечината, на кое што може да се види колку тој бил смирен и сталожен. Беше неверојатно ладнокрвен, и смирен, неговото срце отчукуваше многу бавно за разлика од Шрабер чие срце чукаше како лудо. 

најчитано сега