Два автомобили изгореа на „Рузвелтова“
Два автомобила во текот на вчерашната ноќ изгореа на „Рузвелтова“ во Скопје.
-Вчера околу 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло“,сопственост на Х.Х.(22) од Скопје и во патничко возило „тојота“,сопственост на А.Т.(68) од Скопје, се вели во полицискиот билтен.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
22.09.2020 - 19:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа