Фергусон оди во пензија

 

Еден од најквалитетните фудбалски менаџери во светот, првиот човек на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон заминува во пензија. Веста Манчестер Јунајтед ја објави на својата официјална веб страна.

„Многу размислував околу одлуката за пензионирање и истата не ја донесов лесно, но ова е вистинското време. Важно ми беше да заминам во најдобра можна форма и верувам дека тоа го постигнав. Квалитетот на овој победнички тим и возрасната граница на играчите беа одлична комбинација за континиураниот успех, а младинците на Јунајтед се сигурна иднина за тимот.“ - стои во изјавата на Фергусон.

Тој не се повлекува целосно од клубот бидејќи од 19 мај, кога и официјално се поензионира станува член на клупскиот одбор. 

Фергусон рече дека во иднина со радост ќе ги прифати улогите на директор и амбасадор на клубот.

Ферги на Јунајтед му донесе 13 титули во Лигата, 2 европски купа, 5 ФА Купови и четири триумфи во Лига Куп