Од полноќ Скопје без вода

Во делови на Скопје од ноќеска на полноќ до 4 часот изутрина можно е да има намален притисок или краткотраен недостиг на вода.

Причината за тоа, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, е поставување на противпожарен систем во пумпната станица Рашче 2.

Целосно стабилизирање на водоснабдувањето се очекува  во попладневните часови.

28.10.2013 - 11:39