Почина легендата на рокот Лу Рид

Легендата на рокот американскиот кантаватор Лу Рид, вчера почина на 71 годишна возраст. Рид познат по своите текстови и свирки на гитара, на почетокот на годината беше подложен на трансплатација на црниот дроб, но засега причинте за неговата смрт не се познати. 

Тој во октомври ја имаше својата промоција на книга со фотографии, заедно со други рок легенди направени од фотографот Мик Рок. 

Лу Рид е роден во Бруклин, а порасна на Лонг Ајленд. Тој ја основа групата „Велвет андерграунд“, а откако го напушти бендот во почетокот на 70-те години, објави низа соло албуми кои го запечатија неговиот статус на една од највлијателните фигури во историјата на рокот.

Негова најпозната песна е „Walk On The Wild Side“, а неговиот хит „Satellite of Love“ го обработија Ју-ту и уште некои познати музичари.

28.10.2013 - 11:06