Поднесена кривична пријава против Мило Ѓукановиќ
Црногорски бизнисмен однесе кривична пријава против црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Го обвинува за кривично дело – насилна промена на уставното уредување.
Во изјавата на неговиот адвокат се вели дека Ѓукановиќ повеќе пати повикувал на сила да се менуваат резултатите од парламентарните избори меѓу 30 август и 4 септември, иако декларативно прогласил пораз на ДПС на изборите, пренесува „Подгорица вести“.
06.09.2020 - 12:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа