Во БиХ повторно висок број новозаразени- 7 лица починаа

 

Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени 284 случаи на заразени лица со коронавирусот и седум починати.

Од нив во Федерацијата се 238 случаи и четири починати, а во Република Српска 43 новозаразени и тројца починати.

Во последните 24 часа тестирани се 2.048 примероци.

Од почетокот на пандемијата вкупно се тестирани 190.763 примероци и корона вирусот е потврден кај 20.518 случаи. Починаа 627 пациенти, а 13.626 оздравеа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа