Во вторник цело Скопје без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, по добиеното известување од Ј.П. Водовод и Канализација ги известува граѓаните дека поради поставување на ПП систем во пумпна станица Рашче 2  на ден 29.10.2013 ( вторник ) во периодот од 00.00 часот па до 04.00 часот пумпите за градот во Рашче 2 нема да работат. Тоа значи дека на ден 29.10.2013 по полноќ можно е во делови на градот да има намален притисок или краткотраен недостаток на вода. Стабилизирање на системот се очекува  во попладневните часови.

26.10.2013 - 21:54

најчитано сега