Има само 20 години а осомничен е за 79 убиства

Мексиканската полиција го уапси 20 годишниот Хуан Пабло Васкес, кој е осомничен за најмалку 79 убиста во северниот град Монтереј.

20 годишникот бил уапсен додека продавал дрога во сиромашен кварт на главниот град на сојузната држава Нуево Леон. Тој признал дека директно учествувал во 45 убиства, а бил соучесник во 34 други.

Полицијата од Васкез запленила автомобил, 12 мобилни телефони и 35 пакетчиња со канабис.

Локалните медиуми јавуваат дека Васкес почнал да работи кога имал 15 години, најпрво како информатор, а потоа и како дилер на дрога и платен убиец

26.10.2013 - 21:39