Љубовникот на Беквалац си ја претепа девојката - среде ресторан

Познатиот бизнисмен од Албанија Ќазим Османи вчера вечерта си ја претепал својата долгогодишна девојка Манда Поповиќ, пишува српски Курир.

Според информациите на порталот, Ќазим ја претепал својата девојка во ресторанот на хотелот „Зира“ во Белград и веднаш потоа со својот автомобил избегал во непознат правец.

-Се караа, а потоа тој изгуби нерви и почна да ја удира. Кога таа почна да вика, тој избега со црвеното „ферари“. Полицијата трага по него, вели извор за српски Курир.

Поинцидентот, девојката истрчала од хотелот и заминала во непознат правец. Сеуште нема официјални информации за тоа какви повреди заработила Манда.

Неофицијално, причина за инцидентот била љубомората на Манда, која Ќазим сметал дека е неподнослива.

Османи и Поповиќ се заедно веќе неколку години. Тие раскинуваа поради неверствата на Ќазим, од кои најпознати беа оние со Наташа Беквалац и Ана Николиќ.

 

26.10.2013 - 14:50

најчитано сега