Девојче пронајдено живо под рушевините во Бејрут: Била затрупана 24 часа, спасувачите копале со раце за да дојдат до неа (ВИДЕО)
Во експлозијата што се случи во Бејрут загинаа повеќе од 130 луѓе, повредени се илјадници, а многумина сè уште се бараат.
Снимки осд страшната експлозија го обиколија светот, а синоќа е објавено и видео од спасување на едно девојче кое поминало 24 часа под урнатините и успеало да преживее, пренесува „Дејли мејл“.
На снимката се гледа како спасувачите со голи раце копаат за да го спасат девојчето и да го извлечат од рушевините.
Десетици луѓе се уште се бараат во Бејрут. Најмалку 137 лица починале, а тој број се очекува да расте.
06.08.2020 - 10:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа