Продолжува замената на старите семафори во Скопје

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во периодот од 28 октомври до 3 ноември ќе се врши замена на старите семафорски контролери на градските улици. Овојпат ќе се менуваат семафорите  на крстосниците по должината на булеварот Киро Глигоров о крстосниците по должината на булеварот Србија.

 Додека трае замената на старите семафорски контролери може да се  наруши  координацијата на светлосните сигнали, односно на зелените бранови на булеварите Киро Глигоров и Србија и да се појави застој во одвивањето на сообраќајот. Градот Скопје ги замолува учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека трае замената на контролерите и да ги почитуваат светлосните сигнали.

 Активностите за замена на старите контролери со нови современи семафорски контролери ги изведува фирмата „SWARCO TRAFFIC SYSTEMS“ од Германија со подизведувачот „ЕЛКОМ КОНСТРАКШН“ од Скопје, во соработка со ЈП „Улици и патишта“ и сообраќајната полиција.

 

 

 

 

25.10.2013 - 16:12
Фото: 
Утрински

најчитано сега