Путин: Вакцинацијата мора да биде доброволна
Вакцинацијата против грип треба да биде доброволна, смета рускиот претседател Владимир Путин, а пренесе агенцијата „Спутник“.
Тој вели дека е неопходно луѓето компетентно да се информираат за важноста на вакцинацијата и да се направи процесот што е можно поедноставен.
– Дали да се вакцинира против грип или не е личен избор на секоја личност, но исто така е огромна одговорност на секоја личност за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски, особено на родителите за здравјето на нивните деца. Се разбира, принципот на доброволност мора строго да се почитува – рече Путин на состанокот за санитарно-епидемиолошката состојба во Русија.
Претседателот изјави дека е неопходно да се информираат луѓето за важноста на вакцинацијата против грип и вирусни респираторни инфекции, да се зборува за тоа кога и во која здравствена установа може процедурата да се изврши бесплатно и по можност без да се чека во ред.
Рускиот лидер рече дека најважно е да се заштитат животот и здравјето на руските граѓани и дека надлежните мора да поаѓаат од таа логика.
Во Русија 17 научни институти во моментот развиваат 26 варијанти на вакцина против коронавирусот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа