Градот Скопје партнер на проектот Еle.C.Tra

Градот Скопје се вклучи како партнер во реализирањето на проектот Ele.C.Tra.

Главната цел на проектот е промоција на користењето на електрични скутери во урбаните зони и вклучување на граѓаните и на туристите во секојдневна употреба на зелени средства за превоз заради модернизација на урбаните средства за превоз.

Градот Скопје во рамките на овој проекти ќе добие 76.346 евра кои ќе бидат употребени за зголемување на јавната свест за електричните возила меѓу администрацијата, компаниите и локалните заинтересирани страни.

Во Ele.C.Tra проектот партиципираат 11 партнери од осум држави во Европската Унија и вклучува пилотско експериментирање во три града (Џенова, Фиренца и Барселона) каде што користењето на скутери е многу присутно, додека во  преостанатите градови ќе се преземат сите потребни подготвителни активности за обезбедување таков систем во иднина.

Повеќе информации за проектот се достапни на www.electraproject.eu .

25.10.2013 - 11:37

најчитано сега