Во Србија над 400 заразени за еден ден
Во Србија во последните 24 часа коронавирусот е дијагностициран која 426 лица, а од неговите последици починаа 8 пациенти.
Тестирани се 11.521 лица, во моментов 205 пациенти се на респиратор, а хоспитализирани има 4.619.
Министерот за здравство Златибор Лончар реагираше на отвореното писмо кое укажува на негативната состојба во јавното здравство и со кое се бара промена на Кризниот штаб на Србија.
Тој наведе дека не се работи за струката, туку за политика, говорејќи дека потписниците се од опозициските партии, а некои работат и во странство.
22.07.2020 - 19:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа