Компанијата Актор бара 250 работници од Македонија

Проектот за изградба на автопатот на Коридорот 10, на делницата Демир Kапиja Смоквица е проект со кој се предвидува изградба на нова модерна автопатска делница Демир Капија Смоквица, во должина од 28.18 км, во согласност со европските стандарди, со што ќе се комплетира главната оска од Коридорот 10 која поминува низ Република Македонија. Заради комплексноста на теренот на кој ќе се извршуваат градежните работи, проектот е оценет како доста сложен и опфаќа изградба на мостови, тунели, надвозници и патни јазли.

Изведувачот на Коридот 10 фирмата Актор, реномирана компанија во градежната индустрија во регионот, со докажана експертиза на повеќе крупни инфраструктурни проекти во Грција, Албанија и Романија, во моментов на проектот во Република Македонија, има ангажирано околу 330 вработени и секојдневно бројот го зголемува.

Компанијата ги почитува сите прописи во однос на вработените вклучително и безбедност и заштита при работа.

За да ги комплетира своите планирани проектни активности и задачи во периодот кој следи, а кој опфаќа изградба на повеќе мсктови, надвозници и патни јазли Актор има потреба од 250 искусни вработенисо повеќегодишно работно искуство на проекти за поставување и изведба на високи конструкции до 100 метри, работа на висина, работа со големи челични и бетонски конструкции, транспорт и просторна манипулација на габаритни конструкции и нивно соодветно поставување

Компанијата има потреба од градежни инженери, кранисти и работници.

Вработените треба да имаат работно искуство на проекти на кои се поставувани мостови со Герберова греда односно конзолни носачи, засводени мостови, мостови со нпреднапрегнати греди, мостови лиени и обликувани со бетон, мостови со фина оплата и висина до 95 метри.

Работните активности ќе се одвиваат на големи висини така што вработените треба да бидат во добра/одлична психофизичка состојба, да немаат страв од висини и да бидат подготвени да работат во ветровито опкружување.

Работните часови на вработените како и досега ќе бидат согласно предвидената законска регулатива, односно зависно од работната позиција вработените ќе треба да бидат подготвени да работат во смени, и во зависност од темпото на активностите кои треба да се резимираат да се подготвени да работат по неколку прекувремени часови во работните денови како и за време на викенди.

Актор има обезбеден превоз за вработените од околината на Демир Капија и Миравци, односно Актор е подготвен да обезбеди секојдневен транспорт на вработените со место на живеење со оддалеченост од максимум 70 км, а за вработените кои живеат на оддалеченост над 70 км Актор би обезбедил дополнителен надоместок за сместување во градовите од кои има превоз: Гевгелија, Валандово и Кавадарци.

Воедно се повикуваат и вработени кои немаат работно искуство a се заинтересирани за работа на проектот да се пријават на овој оглас Одбраните ќе добијат соодветна обука за заштита при работа, работа на висина и користење на заштитна опрема, користење на соодветни алати како и се она што е неопходно за правилно извршување на планираните активности.

Покрај тоа, вработените ќе имаат можност со стекнатото работно искуство на овој проект да добијат идни ангажмани на слични проекти на Актор или на неговите подизведувачи во земјава и странство, бидејќи ваквите компании секогаш се насочени кон обучување и ангажирање на квалитетни вработени на своите проекти.

Информации за начинот на аплицирање можете да погледнете на следниот линк

24.10.2013 - 22:25