Мицкоски: Не може да зборувате за иднината, а не го вадите од уста Никола Груевски
СДСМ живее во паралелен свет каде што единствено нешто што ги интересира е Никола Груевски, а не реалноста во која што пливаат во лаги, невистини и очај, рече Мицкоски кој вечерва гостуваше на тв дуел.
-Во недостиг на аргументи Зоран Заев го користи неоснованиот напад дека ВМРО-ДПМНЕ е сеуште под капата на Никола Груевски, односно дека Христијан Мицкоски е продолжена рака на Груевски, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски истакна дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ е тој, а партијата се раководи по одлуки донесени на Извршниот и Централниот комитет, што според статутот е сосема легитимно. Наместо тоа, Мицкоски вели дека СДСМ треба да излезе од минатото и да се соочи со реалноста дека само за неколку денови оди во опозиција.
“Господине Заев, не може да одите кон иднината, а да не го вадите од уста Никола Груевски. Секогаш кога сте во недостиг на аргументи, го спомнувате Никола Груевски, иако самите дозволивте да си замине од земјата”, вели Мицкоски.
СДСМ е во очај и во пресрет на најголемиот пораз во историјата на партијата, пробуваат да манипулираат со народот кој одамна знае кого треба да одбере на претстојните избори. СДСМ заминува во историјата и тоа е неминовно, заврши Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа