Мисајловски од Чаир: Ветуваме повисоки пензии за 20 проценти и подобар животен стандард за сите
Денеска повторно сме во Чаир, да се видиме со граѓаните тука во населените места, во малата,пред зградите и да разговараме за сите нивни проблеми. Се видовме со доста и повозрасни луѓе, со пензионерите кои не замолија да се зголемат пензиите, не замолија реално да се зголемат пензиите, а не како во изминатите три години за кои постојано се ветуваше, а пензионерите не добија ниту еден денар, истакна носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.
-Се обврзуваме и им ветуваме на сите пензионери дека ќе ги зголемиме пензиите преку 20 пороценти, бидејќи они заслужуваат и се столб на општеството. Они години и години живеле тука во Чаир, сакат да останат тука, но затоа ние треба да им го подобриме животниот стандард, но не само и пензионерите, туку и сите останати, затоа ветуваме и поголеми плати за сите останати, ветуваме подобар животен стандард, ветуваме инфраструкторни објекти, ветуваме поголеми капитални инвестиции, истакна Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа