Вечерва драма во Кичево: Им влегле низ прозор вооружени со пиштоли
Три вооружени лица вечерва извршиле разбојништво во Кичево, јавува Телеграф повикувајќи се на полициски извори. Според информациите, 3 лица вооружени со пиштол и гумени палки влегле низ прозорот во куќата на 66 годишниот И.У. додека тој и неговата сопруга биле дома.
Почналеда им се закануваат. Од вратот на жената го одзеле златниот ланец, како и друг накит од куќата и побегнала. Случајот бил пријавен во полиција која трага по разбојниците
24.10.2013 - 00:29