Арсовски: Ковачевски вршел рекет од 250.000€

 

Рекетот и изнудата станаа опис на работно место и занает во редовите на оваа Влада предводена од СДСМ, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Изминативе 2 години откако СДСМ ја предводи власта, ние јавно говоревме за секој еден криминал и криминален тендер во РЕК Битола и излегувавме со докази за истите сериозни криминалии кои што ги правеле раководството на СДСМ.

Вчера имавме можност јасно и гласно да чуеме од страна на министерот во МВР, дека поранешниот директор на РЕК Битола и актуелен на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски, заедно со неговите соработници вршеле изнуда од 250.000 евра од реномирана фирма која на чесен начин добила тендер од РЕК Битола или доколку оваа фирма не сака да плати 250.000 евра сума рекет, својата работа требало  да ја дадат на блиска фирма до СДСМ.

Фирмата која што требало да ја добие работата, односно Васко Ковачевски ја понудил, претпоставувате која е, тоа е онаа фирма СВ Инвест преку која што возеа камионите на Вице Заев.

Имено, оваа фирма во моментов кога требало да ја добие работата немала апсолутно никакво портфолие за истата работа. Доколку имаше правна држава, овој случај ќе се најдеше во обвинителството уште пред 2 години, но Вилма Русковска и нејзиното обвинителст го штитеше криминалот на фамилијата Заеви.

Најинтересното што можевме да го чуеме вчера е дека целиот случај и доказите кои се предадени во обвинителството е потпишан и од кадарот на СДСМ во организиран криминал, а поранешен директор на БЈБ, Лазе Велковски. Очигледно е дека доказите се толку цврсти што не може ниту таму да бидат сокриени.

Секој еден случај за кој сме говореле во јавност се покажа дека е сериозен криминал, а наспроти тоа, Русковска обвинителството не отвори ниту еден случај, бидејќи го штити криминалот на фамилијата Заеви.

Васко Ковачевски, заедно со соработниците кои ја вршеле оваа изнуда и рекет за Вице Заев, вклучително и фирмата СВ Инвест треба уште веднаш да си поднесе оставка истиот Васко Ковачевски и сам да се пријави во обвинителството. Замислете колку вакви фирми кои што на чесен начин работеле имаат изрекетирано и уништено фамилијата Заеви заедно со нивните потрчковци како Васко Ковачевски и онаа сателит фирма СВ Инвест.

На криминалот во Република Македонија мора и ќе му дојде крајот. Крајот ќе му дојде кога оваа криминална и неспособна Влада предводена од СДСМ ќе падне од власт на 15 јули и веднаш потоа ќе одговара за сиот криминал и ќе се најде зад решетки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2020 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега