Познатиот диџеј Ицко од „Антена 5“ почина од коронавирус

 

Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко од „Антена 5“ радио почина после долго боледување од коронавирус.

48-годишниот Меловски подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеал да ја добие битката со коронавирусот.

Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.

Ицко ќе остане запаметен како еден од луѓето кој допринесе за развој на македонската електронска сцена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега