ВМРО-ДПМНЕ: Денеска е најцрниот ден од коронакризата, а Заев шпекулира датуми

 

Денеска е најцрниот ден од коронакризата, а Заев шпекулира датуми, додека Филипче крахира, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според партијата, Македонија веќе две недели живее продолжен пик.

-Секој ден од први јуни до денес броиме над 100 заболени и неколку мртви. Несериозно е Заев што лицитира датуми како на пазар за вака сериозни прашања.Државата е во криза. СДСМ не знае да се справи. Економијата ја фрлија во амбис, а државна помош нема за никој освен за фирмите на нивните семејства и блиските до нив.И единствено на што размислува СДСМ додека народот пати се избори и како да си ја задржат фотелјата.Македонија е балканскиот Вухан, на врвот по највеќе заразени и починати од корона вирусот, на народот му е дегутантно да се збори за хировите на Заев, и за фактот што окрај здравствена, и економска криза, тој ја втурнува државата и во нова политичка криза, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму инсистираат најпрво да се заштити здравјето на граѓаните.

-Во однос на изборниот процес инсистираме за целосно почитување на Уставот и законите и меѓународните стандарди. Заев сака избори без набљудувачка мисија на ОБСЕ и да немаме прочистен избирачки список. Она што Заев го сака е избори каде ние ќе броиме корона жртви, каде ќе немаме прочистен избирачки список, и без квалитетен меѓународен мониторинг. Тоа би значило изборна кражба и изборна кланица, а не потврда на народната волја. Зоран Заев сака да го погази народот и неговото здравје. Зоран Заев и СДСМ ја туркаат државата кон провалија. Потребна е стратегија за излез. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибридем режим, криминал, корупција и сиромаштија, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега