Мицкоски барал кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, но и да не се лицитира со датуми

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерската средба во вила Водно барал гаранција за заштита на здравјето на граѓаните.

Курир, повикувајќи се на бриф од партијата, јавува дека Мицкоски ја посочил потребата од кредибилен изборен процес при што потребен е и увид во Избирачкиот список, како и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Тој инсистирал да се запазат уставните и законските норми во однос на изборите, но и да не се лицитира со датуми.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочил дека изборите не смеат да се претворат во трка по датуми туку суштина која треба да обезбеди гаранции за здравјето на граѓаните и за кредибилен изборен процес.

ВМРО-ДПМНЕ би прифатиле компромис, но не би прифатиле еднострани диктати кои генерираат дополнителни кризи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега