Меџити: Ние го направивме Заев премиер, повторно ние ќе одлучиме
Пред билбордот со натпис “3 опции – Кој ќе биде идниот премиер?“, потпретседателот на ДУИ Изет Меџити за ТВ21 рече дека за прв пат во историјата граѓаните имаат тројна можност и за прв пат е време за премиер Албанец.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Клик Плус рече дека ова е популистички чекор на ДУИ и дека овој чекор ќе ја одведе ДУИ во опозиција.
Заев рече дека сите сакаат да ја видат ДУИ во опозиција и според него би било здраво ДУИ да замине во опозиција.
Изет Меџити од ДУИ вели дека им било јасно дека идејата за премиер Албанец ќе предизвика такви реакции. Тој тврди дека ДУИ беше таа која во 2016 го прекрши начелото победник со победник и го избра Заев за мандатар на Влада.„Ние во 2016 оценивме дека тоа е најдобриот пат затоа решивме да до го поддржиме второ- рангираниот на изборите и базирајќи се на тоа дека ДУИ се води од таа идеја, гледајќи ја политичката стабилност во Македонија и гледајќи дека Македонија ја поставивме на здрави основи кон евро – атлантскиот пат и мислиме дека за целосна демократија на Македонија , потребно да се скршат сите табуа, нема ексклузивно место само за Македонците.“, рече Меџити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа