Заев: Домашни платежни картички за над 324.000 граѓани, ја јакнеме приватната потрошувачка, ја помагаме домашната економија

 
СДСМ во изминатите три години како владејачка партија покажа дека се води од концептот парите да завршуваат кај граѓаните, рече денеска на прес конференцја претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
 
„И во време на пандемија и глобална економска криза, веруваме во овој концепт кој сериозно го зголемува животниот стандард на граѓаните.
 
Со навремени економски мерки за граѓаните и за стопанството градиме нова развојна македонска економија.
 
Во тек е реализација на третиот пакет економски мерки со кој се зајакнува јавната и приватната потрошувачка на граѓаните со цел заjaкнување на нашата економија.
 
За првпат, 324.479 граѓани добиваат директна парична поддршка од државата со цел да се зголеми куповната моќ и да се стимулира приватната потрошувачка.
 
Со оваа мерка 28 милиони евра преку граѓаните, одат директно во домашната економија и тоа за купување домашни производи и услуги во домашни стопански субјекти.
 
Невработените, активни баратели на работа кои оствариле примања до 180.000 денари во текот на 2019 година и до 60.000 денари од јануари до април годинава, како и примателите на социјална заштита добиваат финансиска помош од  9.000 денари.
 
Понатаму, вработените кои за периодот од јануари до април годинава оствариле примања не повеќе од 60.000 денари, добиваат финансиска помош до 3.000 денари на платежна картичка и ваучер за домашен туризам вреден 6.000 денари.
 
Средношколците и студентите од 16 до 29 години добиваат платежни картички со вредност до 3.000 денари, а над 4.300 здравствени работници кои беа на првата линија во борбата против коронавирусот ќе добијат 40% од последната основна нето плата.
 
За домашната платежна картичка, граѓаните нема потреба да аплицираат, туку истата ќе ја добијат системски и едноставно.
 
На интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да се информираат за тоа дали се корисници на картичката, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање.
 
Вкупно бројот на посети на Интернет страницата „Купувам домашно“  е 3.745.921, односно толку пати до сега е отворена страната.
 
Уникатни посети се 1.129.181 односно толку пати е отворена страната од различни уреди. Тоа значи дека во просек секој граѓанин кој ја отворил страницата, тоа го направил повеќе од три пати.
 
Има 194.192 проверки со добитен матичен број, односно ова е бројот на граѓани кои се корисници на домашна платежна картичка и досега тоа го провериле на самата страна.
 
Веќе се исплатени 27.8 милиони евра кон деветте банки издавачи на домашната картички, а банките досега имаат испечатено околу 50.000 картички кои согласно роковите, до 18 јули ќе им бидат поделени на граѓаните корисници на оваа мерка, а јас верувам и многу порано.
 
Кризата со коронавирусот остави сериозни последици врз светската и домашната економија.
 
Владата предводена од СДСМ презеде навремени и сериозни мерки со цел да се ублажат првичните удари и да се постави основа за брза трансформација на нашата македонска економија.
 
Овие платежни картички и ваучери се само дел од трите пакети мерки кои обезбедуваат нова развојна македонска економија.
 
Во изминатите три години покажавме дека економските столбови на програмата во целост ги реализиравме, ќе покажеме и сега дека преку навремени, одговорни и ефикасни решенија брзо ќе ја надминеме економската криза и за брзо повторно ќе се вратиме на стапките на раст што ги имавме пред кризата со коронавирусот.
 
Како никогаш досега од самостојноста на државата се вратени пари кон граѓаните. Во последните три години се пуштија огромни десетици и десетици милиони евра директно пари кон граѓаните и домашните компании.
 
Преку Законот за поддршка на инвестициите, преку ИПАРД, преку ФИТР, преку Министерството за економија – туристички ваучери за ниско платени работници, преку мој ДДВ, преку субвенции во земјоделство, економија, здравство, образование, култура итн, преку зголемена социјална помош и зголемени плати и пензии преку зголемена минимална и просечна плата и многу други начини.
 
Колку е значајно зајакната економската капацитетност на државата во последните три години доказ е и сегашната капацитетност и подготвеност со 550 милиони евра на 730.000 граѓани да се помогне оваа тешка здравствена и економска криза. Имаме капацитет и подготвени сме да продолжиме да помагаме и во следните месеци и години. Тоа е резултат на успешните економски политики.
 
Покажавме и докажавме дека можеме да имаме економски силна држава подготвена да им се најде и на граѓаните и на компаниите.
 

 

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст и развој и повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство“ рече Заев.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега