Заев: Ако политичките партии не се договорат за изборите, тогаш Уставот и Законот ќе одлучат

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека не можеме да имаме и 4 пакет мерки и состојбата да оди вака до недоглед.

-Ако не се договорат политичките партии за изборите, тогаш Уставот и законот ќе одлучат, таму е пропишано. Тие не можете да ги кршите, тие се светост во државата. Мене ми е јасно дека Мицкоски бега од избори, изјави Заев.

Тој стакна дека бројките на заболени со коронавирус не ги кријат, а процесот е транспарентен.

-Едно е јасно, бројките не се кријат, транспарентен е процесот од самиот почеток до денеска и јас верувам дека само така е исправно, никако поинаку. Останува сите максимално да се придржуваме на мерките, носење на маски, редовна дезинфекција, држење на дистанца, секако хигиената е многу важна, но и укажување на другите за оваа работа, посочи Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега