„Ни мачкаат кечап на раните, ни цртаат крстови на глава": Мигранти раскажале како ги понижувале хрватските граничари

Ахмад Табиш минал седум државни граници и бил толку блиску до својата цел да влезе во ЕУ. Мислел дека го минал најлошото, но се воспоставило дека на неговите маки не им дошол крајот. Наишол на хрватската гранична полиција и доживеал тепање и понижување.

Тој е само еден од многуте мигранти, кои, барајќи подобар живот, во Хрватска биле матретирани. 

Табиш за данските медиуми раскажал дека го претепале членови на хрватската гранична полиција. Тој сега има скршена нога, скршен нос, неколку конци на глава и повредено око.

Како што раскажал, Хрватите уживале додека го тепале.

Кога 36-годишниот пакистански мигрант, заедно со група од 11 други една вечер минатата недела ја минал границата меѓу Босна и Хрватска, тргнувајќи кон Италија, бил подготвен за препреките. Рутата за мигранти од Пакистан преку Иран до Турција, Грција, Македонија, Србија и Босна, каде сега тој престојува, не била воопшто лесна. Ниедна земја не сака илегални пакистански мигранти и прави сите прават се што можат за да ги заштитат границите.

Но, сепак, не очекувале дека, во обидот да влезат во Хрватска, ќе имаат најголеми проблеми.

Ги натерале да легнат, а вистинското мачење почнало дури тогаш.

„Не удираа со пушки, стапови и не сечеа по дланките. Сите облечени во црно се реда, додека нас еден не тепаше, друг не снимаше со камера. Цел час не тепаа и се смееја. Се забавуваа. Можеби беа пијани. Немам поим, но тоа што се случи беше необјасниво однесува од полицијата. Бевме преплашени. Ни ставаа кечап и мајонез на раните, не однесоа назад кај границата и не тераа да ползиме назад кон шумата", рекол тој за сајтот "Берлингске".

Новинарите на данскиот сајт виделе и објавиле слики кои документираат скршени екстремитети, крвави глави и рани полни со мајонез и разговарале со други мигранти кои пријавиле слични искуства.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега