ВМРО-ДПМНЕ: Заев е крал на лагите, да немаше слики од проекти во други држави ќе немаше со што да се пофали

 

Заев е крал на лагите. Да немаше слики од проекти во други држави ќе немаше со што да се пофали, велат од ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштение од СДСМ за инфраструктурните проекти

„Лажни вести единствено излегуваат од Бихакќа.

Зоран Заев е политичар кој што очајно лаже и се фали со слики од проекти во други држави.

Зоран Заев за три години како што е на власт ништо не изгради.

Република Македонија поради Заев стагнираше.

Сликите од инфраструктурните проекти со кои Зоран Заев се фали на својот профил на фејсбук се најбрутална лага.

Зоран Заев лаже и затоа треба да им се извини на граѓаните.

Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже и за пакетот мерки за граѓаните и стопанството, со кој на никој не помага.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добиваме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега