Власта и опозицијата се обвинуваат меѓу себе со фотографии од Германија
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски Владо Мисајловски вчера на Фејсбук објави фотографија на која напиша „Ова е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ!?“.
Сепак, според вестите од германските медиуми објавени на 4 јуни, фотографијата која Мисајловски ја објавил всушност е од Германија.Фотографијата е од малата општина Киршдорф во покраината Баварија.
Но, и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски обвини дека власта позајмува фотографии од проекти во Германија и ги објавува како свои.
„Е што бе "другари"???
Позајмувате слики од други проекти.
Е ќе позајмувате, кога ништо не сработивте за да сликате“, напиша Мицевски на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа