Британец 6 дена бил заглавен во бунар на Бали: Паднал додека бегал од куче

29-годишен Британец е извлечен откако шест дена бил заглавен во бунар во кој паднал на Бали.

Во бунарот имало мала количина на вода, која Џејкоб Робертс можел да ја пие, а при паѓањето во бунарот длабок шест метри, ја скршил ногата, пренесува „BBC“

Несреќата се случила во селото Пекату, додека бегал од куче, а поради скршената нога не можел сам да излезе.

Спасен е кога неговите молби за помош ги слушнал еден жител од селото, кој во тој изолиран дел барал храна за стоката.

Во акцијата за спасување учествувале три спасувачи во заштитни одела, кои му рекле на Робертс дека изгледа слабо и измачено.

Засега не е познато дали Робертс живее на Бали или е турист. Бали поради епидемијата на коронавирусот веќе два месеци е во карантин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2020 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега