Тепачка пред домот на Богдана во Тител, Вељко заврши во полиција

Синот на српската пејачка Вељко Ражнатовиќ, заврши во полиција поради тепачка со група на млади момци кои биле во алкохолизирана состојба, пренесуваат српските медиуми. Тепачката се случила пред домот на Богдана во Тител.

На тепачката и претходела кратка расправа, во која Вељко ги замолил момчињата да го напуштат местото, сакајќи да го заштити мирот на неговото семејство, вели неговиот адвокат. Тој вели дека лицата кои го вознемириле Вељко, се појавиле пред неговиот дом, биле во алкохолизирана состојба и од колата пуштале гласна музика.

„Кој си ти да ни кажуваш што да правиме“, му одговориле, откако Вељко ги замолил да си заминат, затоа што во куќата биле неговата сопруга Богдана со бебето.

„Тие го опкружиле и почнале да му дофрлаат. Еден од нив го провоцирал и застанал пред него, по што дошло до физички контакт. Вељко се обидел да спречи инцидент и ги замолил да не прават проблеми, затоа што во куќата му било бебето. Но, откако дојде до тепачка, тој мораше да отиде во полиција“, вели неговиот адвокат.

Тој објасни дека Вељко бил нападнат пред неговата куќа и дека не бил ниту уапсен, ниту приведен.

„Вељко отиде во полициска станица, не како осомничен, туку да даде изјава во својство на граѓанин. Тој само сакаше да го заштити мирот и спокојот на своето семејство“, изјавил неговиот адвокат Радомир Мунижаба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега