Голема бела ајкула уби сурфер во Австралија- неговите колеги храбро се обидувале да го спасат, но не успеале

Сурфери во Австралија храбро избркале триметарска ајкула што нападнала нивен колега, но тој подоцна им подлегнал на повредите, објави денес полицијата.

Се верува дека сурферот утрово го нападнала голема бела ајкула, а инцидентот се случил на популарната дестинација за сурфање Солт бич во близина на гратчето Кингсклиф, околу 800 километри северно од Сиднеј.

Мажот имал околу 60 години и бил од соседната држава Квинсленд. Тој бил однесен во болница со тешко повредена лева нога, но полицијата објави дека починал уште на плажата.

Околните плажи се испразнети од капачи и сурфери додека хеликоптерите се обидуваат да ја најдат ајкулата. Плажите ќе бидат затворени 24 часа додека полицијата и поморските служби ги испитуваат околностите на смртта на сурферот.

Ова е трет фатален инцидент со ајкула оваа година во австралиските води, а според евиденцијата што ја води зоолошката градина во Сиднеј, пријавени се уште седум напади што не завршиле со смрт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2020 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега