Има само 13 години, а веќе има 4 дипломи: Уште кога бил многу мал имал необична роденденска желба (ВИДЕО)
Џек Рико од Соединетите Американски Држави има дури четири дипломи за стручен соработник - и тоа го постигнал за само две години. За споредба, на просечен студент толку време му е потребно за да дојде до само една таква диплома.
Станува збор за академска програма, каква што не е позната во нашиот регион, туку најчесто се практикува во САД и Канада. Ја нарекуваат „associate's degree“, а станува збор за додипломски студии (првата фаза по средното училиште), а целта е на студентите да им ги овозможи основните технички и академнски знаење и вештини кои им се потребни при вработување или понатамошно студирање во одредена област.
Ова неверојатно паметно 13 - годишно момче минатиот викенд дипломираше на Колеџот „Fullerton“ во Калифорнија, со што стана најмладиот ученик кој го постигнал овој успех во 107 - годишната историја на факултетот.
Момчето доби диплома за стучен соработник по историја, човеково изразување, социјално однесување и општествени науки.
„Едноставно сакам да направам нови работи. Сакам да знам повеќе за светото и сите различни работи кои може да се проучат“ - раскажа Џек за Си-Ен-Ен.
„Колеџот има околу 21.000 други студенти од различни средини и животни слоеви, но Рико е посебен и се издвојува од масата. Не е типично за некој толку млад студент да ја следи наставата, па така Џек е прилично познат во кампусот. Тој е многу мудар за своите години и многу сум задоволен што а нашиот колеџ пронајде дом и место за успех“ - прокоментира Грег Шулц, претседателот на Колеџот.
Џек е многу скромен и паметен за негови години. Вели дека е важно добро да се управува со времето и да се слушаат професорите. Што сака да биде кога ќе порасне, се уште не знае.
„Се уште пробувам да ги истражам своите интереси да сфатам што сакам да прават во животот“ - рече тој и откри дека ги обожава видео игрите.
Неговата мајка, Ру Андраде, вели дека знае дека нејзиниот син се издвојувал од другите деца уште кога бил мало момче.
„Кога наполни 4 години, го прашав што сака за роденден. И додека децата на негова возраст бараа играчки или патување во Дизниленд, тој рече дека сака да ја види Белата куќа“ - се присети таа.
„Му реков дека тоа е навистина големо патување за толку мало момче, а тој ми одговори дека се шегувал. Потоа му реков дека го однесам таму доколку успее да ги запомни имињата на сите претседатели“ - додаде таа.
Џек по една недела пристапил до неа и ја оставил запрепастена.
„Рече: 'Веќе ги знаев претседателите, но сега ги запаметив и сите потпретседатели, така што сега можеме да одиме.' Тогаш сфатив дека е многу попаметен од мене“ - раскажа таа и истакна дека му ја исполни роденденската желба. Заминале да ја посетат Белата куќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа