На која возраст луѓето најчесто изневеруваат?

Големо истражување откри изненадувачки податоци за разликата во возраста на луѓето кои не биле верни на своите партнери.

Во фамилијарната студија во која биле анкетирани над 13 илјади американци, истражувачите утврдиле демографски и други карактеристики на луѓе кои признале дека барем еднаш ги изневериле своите брачни партнери со други, и објавените податоци се многу интересни.

Истражувањето покажало дека, на изненадување на сите, најголем процент на прељуба кај жените (16%) се случува од 50 до 59-тата година.

Кај мажите пак, еднакво изненадувачки е дека најголемиот процент (26%) од нив ги изневериле своите партнери од 60 до 69-тата година од животот.

На овој начин се докажало дека младите луѓе од 18 до 29-тата година се меѓу најверната старосна група.

Интересно е да се забележи дека во текот на претходните неколку децении, старосната граница на најголемите прељубници постојано се менувала – така на пример, во 90тите 18% од дамите изневерувале, а неверојатни 31% од машката популација од 50 до 59 години биле неверни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа