Мицкоски: Нема дилема, Заев е подготвен на сè за да остане на власт
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за Курир потенцира дека, за жал, не се сомнева дека Заев и оваа гарнитура на СДСМ се подготвени на се’ само за да останат на власт. Лидерот на опозицијата ја гледа актуелната власт како национална пандемија, која може да се излекува само на избори, но не на избори по секоја цена, туку на соочување при кое нема да се загрози животот на граѓаните во Република Македонија.
„Мислам дека дека на се’, буквално на се’. На се’ кое што е надвор од орбитата на неговото потесно семејство. Кога интересите на неговото потесно се засегнати, тогаш имаме гард, а за се’ друго е подготвен да преговара и продава. Тука нема дилеми за сите граѓани на Република Макеоднија, за се’. Што и да кажува, што и да соопштува, во што и да се колне, сметајте дека ако има и една минута шанса, се’ ќе биде на пазар, се’ ќе биде предмет на трговија, со исклучок на интересите на неговото потесно семејство. Е, тука се крева гардот и се бранат позициите. Секој кој има поразлично мислење од ова што јас го кажувам е жртва на пропагандаа на СДСМ и Заев.
А таа пропаганда ќе се засилува како минува времето, затоа ги молам граѓаните да внимаваат и да не бидат жртва на пропагандата на СДСМ и на Зоран Заев. Ова се луѓе кои минативе три години беа вистинска пандемија за нашата држава. Да, таа пандемија може да се излечи само на избори, но на избори на кои што граѓаните ќе можат слободно и демократски да гласаат без притоа нивните животи и здравје да бидат изложени на опасност. Свесен сум дека поинаку не можеме да ги поразиме, освен на избори.
Но да знаете и да немате дилема дека буквално секоја педа, независно дали е современа или историска, секој атом на коренот наш македонски, се е предмет на трговија кај Заев. Тој е таков тип на политичар. Значи, таму не очекувајте старатегија, не очекувајте визија, таму денот буквално се купува и се продава. Таква е политиката која оваа гарнитура на СДСМ и Зоран Заев, за жал, ја водеа во изминатиот период. Јас би сакал да грешам, би сакал да не сум во право, но за жал, искуството со овие луѓе ме води кон таков заклучок дека ова што го зборувам е точно“, кажа Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа