Села бара оставка од Спасовски и одговорност од Филипче и Чулев

 

Константното зголемување на бројот на заразени лица е крајно загрижувачко за земјата! Ова зголемување сведочи за небрежност и управувачка неспособност на владата, која наместо да се обвинува себеси, постојано ги обвинува граѓаните, реагира Алијансата за Албанците и бара оставка од премиерот Оливер Спасовски.

– Игрите на ВМРО, СДСМ и ДУИ во рамките на владата за предизборни пресметки ги плаќаме секој ден со жртви и заразени од пандемијата ковид 19. Во време кога земјата требаше да се врати во нормала, влегуваме во вториот бран на пандемија. За предизвиканата хаотична состојба, здравствената и економската несигурност со која се загрозени граѓаните, мора да има одговорност.Бараме оставка од премиерот Оливер Спасовски, кој е и главниот одговорен за ситуацијата. Исто така бараме одговорност и од министерот за здравство Венко Филипче и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кои целата оваа ситуација ја придружија со разни скандали, што докажува зошто денес продолжува бројот на заразени да расте – велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата бараат одговорност и од Комисијата за заразни болести, за како што велат, погрешните предвидувања.

– Резултатот од пандемијата не го поштедува ниту еден член на владата од одговорност, затоа што сите заедно докажаа дека дури и во најтешките периоди, личните и партиските интереси остануваат приоритет. За жал, нашето постојано барање беше опозицијата, исто така, да даде придонесе при управување со ситуацијата, нешто што никогаш не беше одобрено, затоа што тоа ќе ги уништеше злонамерните планови на владата. Сепак, Алијансата за Албанците со посебна грижа постојано ги следеше и предлагаше конкретните мерки, кои и понатаму ги правиме и денес без резерва – велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега