Алијанса за Албанците: Игрите на ВМРО, СДСМ и ДУИ за предизборни пресметки ги плаќаме со жртви!
Константното зголемување на бројот на заразени лица е крајно загрижувачко за земјата! Ова зголемување сведочи за небрежност и управувачка неспособност на владата, која наместо да се обвинува себеси, постојано ги обвинува граѓаните, велат преку соопштение од Алијанса за Албанците.
„Игрите на ВМРО, СДСМ и ДУИ во рамките на владата за предизборни пресметки ги плаќаме секој ден со жртви и заразени од пандемијата „Ковид 19“.
Во време кога земјата требаше да се врати во нормала, влегуваме во вториот бран на пандемија! За предизвиканата хаотична состојба, здравствената и економската несигурност со која се загрозени граѓаните, мора да има одговорност!
Алијансата за Албанците бара оставка од техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој е и главниот одговорен за ситуацијата. Исто така бараме одговорност и од министерот за здравство Венко Филипче и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кои целата оваа ситуација ја придружија со разни скандали, што докажува зошто денес продолжува бројот на заразени да расте!
Комисијата за заразни болести, чии погрешни предвидувања ние скапо ги плаќаме, исто така, мора да даде одговорност!
Резултатот од пандемијата не го поштедува ниту еден член на владата од одговорност, затоа што сите заедно докажаа дека дури и во најтешките периоди, личните и партиските интереси остануваат приоритет!
За жал, нашето постојано барање беше опозицијата, исто така, да даде придонесе при управување со ситуацијата, нешто што никогаш не беше одобрено, затоа што тоа ќе ги уништеше злонамерните планови на владата. Сепак, Алијансата за Албанците со посебна грижа постојано ги следеше и предлагаше конкретните мерки, кои и понатаму ги правиме и денес без резерва.
Веруваме дека ситуацијата од ден на ден излегува од контрола, затоа мора да дејствуваме со вештина и брзина за да ги избегнеме здравствените и економските последици!“ велат во партиското соопштение од Алијанса за Албанците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа