Закажан состанок на Комисијата за заразни болести- ќе се разговара за делување во општините кои станаа нови жаришта

Министерството за здравство информира дека денеска во 13 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.

На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки.

Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата на Република Македонија и кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега