Речиси 70 отсто од жените би се откажале од секс за да имаат идеално тело

 

 

Околу 60 отсто од жените редовно држат диети пред летото. Најголема грижа е намалување на последните пет килограми пред одење на плажа, и тоа ги мачи 79 проценти од жените.

 

Времето на бикини и плажа е пред нас, па жените чувствуваат се поголем притисок да го намалат вишокот килограми. Ново истражување покажува дека кај жените летото буди несигурност и им падне самодовербата поради нивните „летни“ тела, пренесува „Дејли мејл“.

 

Притисок за слабеење чувствуваат 82 отсто од жените, а 68 рекле дека би се одрекле од секс на еден месец, па дури и повеќе, доколку тоа би влијаело за постигнување на идеалниот изглед, открива истражувањето на магазинот Шејп.

 

Околу 50 отсто од жените го мразат својот стомак. Поголемиот дел од жените вежбаат за време на пролетта за да имаат поголема самодоверба на плажа, а 47 проценти најмногу прават стомачни и други вежби за струкот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега