Мерките за јавен превоз ќе важат и за автобусите со кои компаниите вршат превоз за сопствени потреби

Владата на денешната седница ја усвои дополнетата Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50 проценти од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат опремени со маски, ракавици и возилата да се дезинфицираат.

– Со оваа измена задолжителните мерки ќе се однесуваат и на правните субјекти кои вршат превоз на патници за сопствени потреби, се додава во соопштението од 60-та владина седница.

На оваа седница Владата усвоила и Протокол за спроведување на проверка на способностите за спортските вештини на учениците кои имаат интерес за запишување на Државното средно училиште „Спортска академија“, со кој се опфатени препораките за подготовка и уредување на спортските терени каде што ќе се спроведува проверката на вештините, начинот на пријавување, како и текот и организацијата на селективниот тренинг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега